„Ауди“ го претстави суперспортскиот сериски модел „Р8 ЛМХ“, кој располага со ласерски светла.
Во куќиштата на предните светла се наоѓаат четири ласерски диоди кои емитуваат белa светлина при температура од 5.500 келвини.
Светлата се активираат автоматски при брзина на автомобилот поголема од 60 километри на час и со својот капацитет значително придонесуваат за вкупната видливост и сигурност. За да не се заслепуваат возачите што доаѓаат од спротивната насока, вградена е камера чиј сензор автоматски го мести снопот светлина во оптимален правец.
Покрај ласерските светла, моделот „Р8 ЛМХ“ го карактеризираат препознатливата сина боја на каросеријата, карбонските панели на страниците и задниот спојлер. Сјајноцрните издувни цевки одлично се вкомпонирани со 19-инчните алуминиумски бандажи низ кои се гледаат карбонско-керамичките сопирачки.
Внатрешноста е обложена со комбинирање на кожа „алкантара“ и на кожа „напа“, како и со неколку детали со бојата на каросеријата. Праговите се осветлени, што му дава посебна убавина на автомобилот.
Под хаубата е вграден 5,2-литарски мотор со десет цилиндри, кој развива 570 коњски сили, со обртен момент од 540 њутн-метри. За преносот на силата е употребен седумстепен автоматски менувач, кој ја пренесува силата на сите четири тркала.
„Р8 ЛМХ“ до 100 километри на час забрзува за 3,4 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 320 километри на час.
Бројот на сериски модели е ограничен на 99, а сумата што треба да се издвои за да се стане сопственик на овој прекрасен автомобил изнесува околу 210.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст