Ејми и Беки Глас (46) се опсесивни близначки се толку многу поврзани, што во последните 15 години не биле одвоени подолго од 30 минути. Еднаш дури делеле и исто момче! Како што велат, сега врски не ги интересираат, бидејќи чувстуваат дека се меѓусебно венчани. За да изгледаат идентично, ги бројат и залчињата и јадат иста количина храна.
Секој ден носат иста облека, но во различни бои, делат ист профил на фејсбук, ист мобилен телефон.
Пред да почнат да јадат, ги мерат калориите за да бидат сигурни дека внесуваат иста количина храна.
– Како да сме една личност во две тела. Јадеме залче по залче, секогаш се предупредуваме кога е последното парче храна. Ако Беки не сака десерт, нема да јадам ни јас. Во едно време јас имав повеќе килограми од Беки, па луѓето почнаа да говорат дека јас сум поголемата близчнка. Го мрзевме тоа. Затоа бевме на диеата и оттогаш имаме иста килажа – вели Ејми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.