Поројниот дожд кој заврна вчера во делови од Босна и Херцеговина го врати повторно ужасот од поплавите. Токму кога луѓето се подготвува да се вратат во своите домови и да започнат со расчистувањето на последиците од катастрофата, две населби на североистокот на земјата- Ораховица и Долна Ораховица се одново поплавени.
За само 15 минути ги поплавила надојдената вода од Морањачка Река. Водата навлегла до првите катови на куќите, а нивото на вода на одредени места изнесува и до 120 сантиметри.
Овој дел од Грачаница беше поплавен и на 15-16 мај со излевање на реката Спреча, но штетите од денешните поплави за жителите на овој крај, кои живеат од земјоделство, се поголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


