Нивото на Сава на поплавените подрачја на истокот на Хрватска полека опаѓа, но и натаму е тешко во жупаниската Посавина, каде се работи на одбрана на загрозените места и насипи, јави Танјуг.
Поради високите температури и излевање септички јами се заканува опасност од зарази, па е ограничен влезот на поплавените подрачја.
На подрачјата се влегува во посебна облека, а кај излезот се и луѓето и возилата се дезинфицираат.
Министерот за здравство Рајко Остојиќ денеска потврди дека не е прогласен карантин во поплавените пордачја на Славонија, истакнувајќи дека на тоа подрачје состојбата е сериозна, но под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



