| четврток, 6 декември 2018 |

Кичевчанец се обидел да си го убие братот

ПС Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(53) од Кичево за сторени кривични дела убиство во обид и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 21 мај годинава во Кичево на ул. „Исеин Акиоски“ во дворно место, по претходна расправија помеѓу пријавениот и неговиот брат пријавениот од пиштол „ЦЗ Застава“ калибар 6,35 мм, кој го поседувал без одобрение, испукал неколку куршуми кон неговиот брат нанесувајќи му тешки телесни повреди.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top