| четврток, 6 декември 2018 |

Додека полицајците спречуваа немири, новинарки провоцираа полицајци

Во целиот метеж во Ѓорче Петров, во моментите кога полицијата спречуваше посериозно распламтување на немирите и да спречи инциденти до кои лесно можеше да дојде, новинарките Сашка Цветковска и Мери Јордановска легитимира полицајци и ги провоцираа – објави Курир.

Од сведоштва од луѓето присутни на теренот се дознава дека новинарките со цел да предизвикаат вербален инцидент и во обид да ја оцрнат акцијата на полицијата, постојано им поставувале прашања и ги легитимирале самите полицајци за време на вршење на својата дејност.

– Она што го знам е дека видов две новинарки како одат од полицаец до полицаец со диктафонот во раце. Не знам што ги прашуваа, но знам дека полицајците не им одговараа и ги замолуваа да ги остават да ја вршат својата работа – потврдува еден очевидец.

Од сето ова, овие две новинарки изградија случај во кој самите се прогласија за жртви и извадија наводи дека полицијата вулгарно им се обраќала и дека наводно им избришале фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top