Амди Бајрам Јуниор, внукот на пратеникот Амди Бајрам, со својата понежна половина, Везира Агушева, вчера стапнаа на лудиот камен и го кажаа судбоносното “ДА” во Амди-паша џамијата во Шутка.
Петочната религиска церемонија е само почеток на свадбата на младенците, која ќе трае три дена! За секој ден се предвидени различни церемонии и свеченост, за целосно да се испочитува ромската традиција за свадби.
Свадбената веселба ќе започне денеска со традиционалната ромска игранка во спортската сала во Шуто Оризари, додека вечерта забавата ќе продолжи во спортската сала Борис Трајковски”.
ВЕЧЕР дознава дека освен во Македонија, три дена свадба ќе има и во Турција, во Бекус и Босфор од седми до деветти јуни. Свадбата во Бекус ќе биде ноќна, каде што младенците ќе пристигнат со хеликоптер од стадионот на Бешикташ.
Наредниот ден, пак, младенците со 450 гости ќе го прослават стапувањето во брак на брод на Босфор. Босфорската ексклузивна свадба е подарок од дедото, пратеникот Амди Бајрам.
На Бајрам на уво ќе му пее Кеба
Кеба, оркестарот „Плави ѕвезди”, Верица Шерифовиќ, Амела Вуковиќ, Бернат се само дел од балканските ѕвезди кои ќе ги развеселуваат гостите на свадбата на Амди Бајрам Јуниор.
Дел од ѕвездите ќе настапат во сабота попладне на ромската игранка, додека Кеба и останатите ќе ги забавуваат присутните на приемот и вечерата која ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски”.
Повеќе прочитајте на „Вечер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.