Хемиското оружје во Сирија и материјалите за негово производство нема да можат да бидат уништени до предвидениот рок, до 30 јуни оваа година, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
– Сега е очигледно дека акивностите поврзани со ликвидацијата на сириската програма за хемиско оружје ќе продолжат и по 30 јуни 2014 година – посочи Бан во месечниот извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации.
Досега се изнесени речиси сите материјали за производство на хемиско оружје, со исклучок на последите сто тони, кои се чуваат во објект во околината на Дамаск. Тие претставуваат 7,5 процент од арсеналот на отровни материјали, со кои располагаат сириските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!