| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува јубилејниот Шарпланински куп

Прославениот југословенски скијачки ас Бојан Крижај повторно е директор на трките што ќе се одржат утре односно в недела

Откако синоќа со свечена академија во центарот за култура во Тетово започна прославата на јубилејот 40. Шарпланински куп, денеска на платото пред хотелот Попова Шапка ќе биде отворен меѓународниот скијачи натпревар на кој се најавени педесетина алпинци од 10 земји. Купот утре и в недела содржи велеслаломски и слаломски трки на патеките Орлова и Езерино.

Конкуренцијата е силна и со скијачи од сите околни, но и од земјите скијачки велесили. Нас не претставуваат шестмина аплинци кои беа учесници на штотуку завршеното Светското првенство во Шладминг: Антонио Ристевски, Дардан Деари, Марјан Нашоку, Бесарт Иљази, Гентијан Куртиши и Меритон Емини. Матиц Скубе и Миха Кирнер се фаворити според фактот што се единствените под 10 ФИС точки. Наградите се традиционални: 3000 евра и шарпланинче за најдобрите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top