Дожд од метеори со погоелм интензитет се очекува викендов над Северан Америка. Новиот дожд од метеори, познат како Камелопардалидс би можел заради својата блескавост да се претвори во вистинска „бура од метеори” со импресивни светлосни ефекти.
„Врвот на спектаклот се очекува меѓу три и четири часот наутро по источно американско време, но им препорачувам на луѓето да излезат малку порано”, рече Бил Кук од НАСА.
Овие метеори се и остатоци од кометата 209P/LINEAR, откриена во 2004 година. Таа комета гравитацијата на Јупитер ја турна во Земјината орбита. Метеорите ќе се гледаат по целото небо, но најблескави ќе бидат во близина на ѕвездата Северница
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.