Моника Сотиров од Пожаревац поднела пријава до полицијата против група момчиња кои ја навредувале и ја напаѓале додека се подигал заштитниот бедем покрај реката Млава во Дрмно. Нападот се случил на 18 мај, откако Моника, околу пладне дошла на таа локација за да помогне во полнење вреќи со песок, пишуваат српските медиуми.
Кога стигнала и дале задача да го сече јажето со кое се врзуваат вреките. Но, таа тврди дека набргу една група од околу 20 момчиња почнале да и дофрлаат и да ја навредуваат со вулгарни зборови, навреди и предлози.
– Не застанаа само на навредите туку почнаа да ме фаќаат за градите, обидувајќи се да ми ја скинат маичката, па со лицето паднав на земја за да се заштитам. Иако бев единствена жена на тоа место и се обидував да помогнам во одбраната од поплава, никој од присутните не ми помогна. Само им рекоа да престанат, но попатно им намигнуваа, вели вознемирана Моника.
Бидејќи нападите и највулгарните дофрлувања не престануваа, таа околу 15 часот тргнала накај дома. Кај блиската продавница влегла во автобуд, но по неа влегле и пет-шест момчиња од групата.
-Го замолив возачот да ме заштити, но тој рече дека нема ништо со тоа и дека негово е само да вози, раскажува Моника, која наведува дека и во авотбусот ја напаѓале и навредувале, довикувајќи му на возачот да застане и да ја исфрли од автобусот.
Малтретирањето продолжило и кога излегла од автобусот во Пожаревац. Тие си заминале дури кога Моника почнала да вреска, та тогаш наишло и полициско возило кое ја одвело во полиција каде и ја поднела пријавата.
Во полиција во тек се проверките на наводот од пријавата која ја поднела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)