Аеродромци доживеаја вистински дебакл (79-55) во Александровац во првиот двобој во ноември, а сега со лидерот во ова издание на лигата, и тоа од самиот почеток, ќе имаа вистинска проверка на моќта. Освен за реванш и сатисфакција МЗТ Скопје во денешниот меч од 20.30 во Борис Трајковски игра и за задржување на шансите за пласман меѓу првите четири екипи бидејќи до крајот има 5 кола, во игра се десет бода, а заостатокот во однос на третиот и четвртиот е само два поена.
По извонредното издание во Загреб и победата со Цедевита минатиот викенд Алеш Пипан за вечерва најверојатно ќе ги има на располагање сите, вклучувајќи ги и Србите Николиќ и Оташевиќ кои пропуштија три односно една средба.
Ова 22 коло во Јадранското кошаркарско друштво е раздолжено во следните четири дена.
ПЕТОК:
МЗТ СКОПЈЕ-ИГОКЕА 20.30
САБОТА:
ЦИБОНА-СПЛИТ
СОЛНОК-ЦЕДЕВИТА
ПАРТИЗАН-ОЛИМПИЈА
НЕДЕЛА:
КРКА-Ц.ЗДЕЗДА
ЗАДАР-БУДУЌНОСТ
ПОНЕДЕЛНИК:
ШИРОКИ-РАДНИЧКИ
ТАБЕЛА:
ИГОКЕА 37
Ц.ЗВЕЗДА 36
БУДУЌНОСТ 34
РАДНИЧКИ 34
ПАРТИЗАН 34
ЦЕДЕВИТА 33
ОЛИМПИЈА 32
МЗТ СКОПЈЕ 32
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст