Одбрамбениот насип крај Велика Морава кај Александровац е намерно пробиен. Ова на полицијата и го пријавил Владо Станковиќ, началник на штабот за вонредни ситуации во Жабари.
Утвредено е дека во атарот на селото, на местото нареченмо „Клуч“ синоќа непознато лице со копач го пробило земјаниот насип и така направило дупка широка 1,5 метри и длабока 60 сантиметри. Поради тоа на ова место реката се излила и ги поплавила нивите на Рајко Рајчиќ (60) од Александровац. Мотивот за ваквиот чин сеуште не е познат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.