| четврток, 6 декември 2018 |

Време за создавање искрено партнерство

Ед­на не­де­ла по из­ја­ва­та со ко­ја бу­гар­ски­от пре­тсе­да­тел Ро­сен Плев­не­ли­ев ја по­ви­ка Ма­ке­до­ни­ја да го пот­пи­ше до­го­во­рот за при­ја­телс­тво, кој би бил иден­ти­чен со дек­ла­ра­ци­ја­та од 1999 го­ди­на, сѐ уште не­ма пре­циз­ни ин­фор­ма­ции што е при­чи­на­та за но­ва­та кли­ма и за соз­да­ва­ње­то ат­мо­сфе­ра за за­топ­лу­ва­ње на од­но­си­те ме­ѓу два­та бли­ски на­ро­да. По­тен­ци­ја­лот за соз­да­ва­ње но­ви бли­ски и при­ја­тел­ски од­но­си не мо­же да се спо­ре­ди со го­ди­ни­те пред смрт­та на Ѓе­ор­ги Ди­ми­тров во 1949 го­ди­на, но из­ја­ва­та на Плев­не­ли­ев и ге­стот на пог­ла­ва­рот на БПЦ ми­на­ти­от ви­кенд мо­жат да се спо­ре­дат со де­но­ви­те по приз­на­ва­ње­то на не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја од Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја во 1992 го­ди­на. Таа шан­са за соз­да­ва­ње ви­стин­ски при­ја­тел­ски од­но­си не бе­ше иско­ри­сте­на од две­те стра­ни. Има ли шан­си гре­шка­та да би­де по­пра­ве­на се­га, во прв ред, за­ви­си од Со­фи­ја, но и Ма­ке­до­ни­ја не смее да оста­не па­сив­на

Пре­тсе­да­те­ли­те на Ма­ке­дон­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те (МАНУ) и на Бу­гар­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те (БАН), ака­де­ми­ци­те Во­де­ни­ча­ров и Кам­бов­ски, се вли­ја­тел­ни фи­гу­ри во две­те зем­ји, но тие, об­је­ктив­но, не­ма­ат моќ са­ми­те, со две на­уч­ни сред­би во Сан­дан­ски и во Со­фи­ја, да го свр­тат тр­ка­ло­то на исто­ри­ја­та во обра­тен пра­вец. За та­кво не­што во прв ред ќе тре­ба да им по­мог­нат вла­ди­те во Скоп­је и во Со­фи­ја. Со за­ед­нич­ка­та вла­ди­на сед­ни­ца во Ќу­стен­дил ми­на­то­то ле­то пре­ми­е­ри­те Гру­ев­ски и Оре­шар­ски го отво­ри­ја па­тот за вос­по­ста­ву­ва­ње при­ја­тел­ски од­но­си, но, се чи­ни, во про­ме­на­та на од­не­су­ва­ње­то на ин­те­ле­кту­ал­ни­те и на по­ли­тич­ки­те ели­ти во две­те зем­ји, ко­ја би мо­же­ла да би­де при­фа­те­на и од обич­ни­те гра­ѓа­ни, ќе мо­ра да би­дат вклу­че­ни си­те со­од­вет­ни суб­је­кти.

За­се­га, ба­рем од тоа што се гле­да на по­вр­ши­на, за по­зи­тив­на раз­вр­ска, по­крај пре­ми­е­ри­те, се и пре­тсе­да­те­ли­те Ива­нов и Плев­не­ли­ев, пог­ла­ва­ри­те на две­те цр­кви, пр­ви­те лу­ѓе на на­ци­о­нал­ни­те ака­де­ми­и­те, а прет­ход­но, на не­фор­мал­на сред­ба во Скоп­је, и дел од вли­ја­тел­ни­те но­ви­на­ри по­ка­жаа де­ка, ко­га се ра­бо­ти за за­ед­нич­ки ин­те­рес, мо­жат да би­дат кон­стру­ктив­ни. По­ра­ди дол­го­трај­но­ста на ани­мо­зи­те­тот ме­ѓу два­та на­ро­да, во фи­нал­ни­от ис­че­кор мо­ра да би­дат вклу­че­ни и си­те дру­ги фа­кто­ри, кои ако не го раз­бе­рат мо­мен­тот, со сво­е­то од­не­су­ва­ње и со по­мош на ме­ди­у­ми­те мо­жат лес­но да ја уни­штат но­во­на­ста­на­та­та по­зи­тив­на ат­мо­сфе­ра.

Во прв ред тоа е опо­зи­ци­ја­та во две­те зем­ји, ко­ја не смее да доз­во­ли ра­ди­ка­ли и мар­ги­нал­ци од ти­пот на Ка­ра­ка­ча­нов да го за­га­ду­ва­ат јав­ни­от про­стор и да про­во­ци­ра­ат од­го­во­ри на „нор­мал­ни“ акте­ри, кои, по инер­ци­ја, до­ле­ва­ат мас­ло на ог­нот.

Ме­ѓу тие од кои за­ви­си ка­ко ќе се оди на­пред нај­важ­ни се исто­ри­ча­ри­те, ка­ко дел од струч­на­та јав­ност. Об­је­ктив­но е де­ка во две­те зем­ји исто­ри­ска­та на­у­ка би­ла и сѐ уште е под сил­но вли­ја­ние на на­ци­о­нал­ни­те по­ли­тич­ки и исто­ри­ски ми­то­ви. Це­лос­но­то отфр­ла­ње на ова нас­ледс­тво е не­воз­мож­но, но, за по­че­ток, до­вол­но е на­у­ка­та во две­те зем­ји да им да­де мож­ност на по­ли­ти­ка­та и на еко­но­ми­ја­та да ги гра­дат од­но­си­те спо­ред при­до­би­вки­те што мо­жат да дој­дат, а не спо­ред зи­ја­нот што сме го има­ле во ми­на­то­то. Во оби­дот да се сми­рат стра­сти­те, тре­ба да се вни­ма­ва и на ра­ди­кал­ни­те бу­гар­ски пра­те­ни­ци во Евро­пар­ла­мен­тот, кои че­сто во сво­јот на­ци­о­на­ли­стич­ки за­нес зна­ат да ги зго­ле­мат тен­зи­и­те во Бри­сел, кои по­доц­на лес­но се пре­не­су­ва­ат и во пре­стол­ни­ни­те.

 

Бу­га­ри­ја на кр­стос­ни­ца ме­ѓу Бри­сел и Мос­ква

Пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња ме­ѓу Скоп­је и Со­фи­ја, се раз­би­ра, не се глав­ни­от при­о­ри­тет за источ­ни­от со­сед, кој де­но­ви­ве има мно­гу по­се­ри­оз­ни проб­ле­ми од ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње. Иа­ко и прет­ход­но кај дел од европ­ски­те парт­не­ри има­ше сом­неж за ви­стин­ски­от сен­ти­мент во Со­фи­ја, за Кремљ ра­бо­ти­те ста­наа по­се­ри­оз­ни ко­га нај­ти­раж­ни­от и најв­ли­ја­те­лен гер­ман­ски вес­ник „Шпи­гел“ ја об­ви­ни Со­фи­ја де­ка мо­же да ста­не ору­дие на Пу­тин за рас­ту­ра­ње на единс­тве­на­та по­зи­ци­ја на ЕУ во од­нос на Ру­си­ја. Спо­ред из­ве­штај на Гер­ман­ска­та раз­уз­на­вач­ка аген­ци­ја (БНД), Мос­ква мо­же да по­ба­ра да ги про­ши­ри од­но­си­те со Со­фи­ја со цел да ја по­де­ли Евро­па. Спо­ред БНД Бу­га­ри­ја е ле­сен плен за Кремљ за­тоа што зем­ја­та ре­чи­си це­лос­но е за­вис­на од увоз на енер­ги­ја од Ру­си­ја, а ед­на тре­ти­на од еко­ном­ски­от про­из­вод е ди­рект­но или ин­ди­рект­но кон­тро­ли­ран од Мос­ква. Вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја на бу­гар­ски­те со­ци­ја­ли­сти и Дви­же­ње­то за пра­ва и за сло­бо­ди на тур­ско­то мал­цинс­тво се сме­та за бли­ско по­вр­за­на со Ру­си­ја, при што се сме­та де­ка огро­мен број по­ра­неш­ни чле­но­ви на ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја, раз­уз­на­ва­чи и оли­гар­си во­дат биз­ни­си со лу­ѓе на пре­тсе­да­те­лот Пу­тин. Во тој кон­текст се спо­ме­ну­ва бан­кар­ски­от маг­нат Цве­тан Ва­си­лев, чи­ја­што КТБ бан­ка ра­бо­ти со го­лем дел од па­ри­те што се сле­ва­ат од Мос­ква во бу­гар­ска­та ин­ду­стри­ја, по­точ­но во енер­гет­ски­от се­ктор. Во из­ве­шта­јот на БНД што го пре­не­су­ва „Шпи­гел“, се ве­ли и де­ка Мос­ква ди­рект­но, пре­ку свои лу­ѓе, по сво­ја вол­ја ги ме­ну­ва бу­гар­ски­те за­ко­ни, при што се спо­ме­ну­ва при­ме­рот со тај­но­то пис­мо од „Гас­пром“ до Ми­ни­стерс­тво­то за еко­но­ми­ја во Со­фи­ја во кое е да­де­на за­кон­ска фор­му­ла­ци­ја за про­е­ктот ју­жен тек, кој е спро­ти­вен на ди­ре­кти­ви­те на Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Во ре­ак­ци­ја на Бри­сел евро­ко­ме­са­рот за енер­ги­ја Гин­тер Отин­гер нај­а­ви де­ка до­кол­ку Со­фи­ја го сме­ни за­ко­нот спо­ред пред­ло­гот од Мос­ква, ќе би­дат пре­зе­ме­ни прав­ни мер­ки про­тив Бу­га­ри­ја. Гер­ман­ски­те раз­уз­на­ва­чи по­на­та­му ана­ли­зи­ра­ат де­ка ли­де­рот на бу­гар­ски­те со­ци­ја­ли­сти Сер­геј Ста­ни­шев, кој е и прв чо­век на пар­ти­ја­та на европ­ски­те со­ци­ја­ли­сти, одр­жу­ва бли­ски кон­та­кти со Мос­ква, а во исто вре­ме е во од­лич­ни од­но­си со Мар­тин Шулц, кој мо­же да би­де иден пре­тсе­да­тел на Европ­ска­та ко­ми­си­ја.

За бу­гар­ски­от рас­че­кор ме­ѓу Бри­сел и Мос­ква пред де­се­ти­на де­на во Бер­лин раз­го­ва­ра­ле ше­фот на гер­ман­ска­та дип­ло­ма­ти­ја Штајн­ма­ер и бу­гар­ски­от пре­тсе­да­тел Плев­не­ли­ев, кој Бер­лин го сме­та за еден од ре­тки­те што во обид Бу­га­ри­ја да оста­не на европ­ски­от пат отво­ре­но се спро­тив­ста­ву­ва на со­ци­ја­ли­стич­ка­та вла­да. Бу­гар­ски­от пре­тсе­да­тел на гер­ман­ски­те до­ма­ќи­ни им ре­кол де­ка мо­же да дој­де до опа­сен раз­вој на на­ста­ни­те во це­ли­от ре­ги­он, кој мо­же да би­де де­ста­би­ли­зи­ран од Пу­тин со цел тој да ја про­ши­ри сво­ја­та сфе­ра на вли­ја­ние.

 

Што го пре­мис­ли Плев­не­ли­ев?

Ни­кој ни­ту во Скоп­је ни­ту во Со­фи­ја не ка­жу­ва на што се дол­жи про­ме­на­та на ста­вот на Плев­не­ли­ев, кој, пра­ктич­но, се сог­ла­си бу­гар­ски­те ба­ра­ња од тај­ни­те пре­го­во­ри за До­го­во­рот за при­ја­телс­тво да ги за­ме­ни со дек­ла­ра­ци­ја­та од 1999 го­ди­на. Ре­чи­си е не­ве­ро­јат­но де­ка од­го­ва­рај­ќи на но­ви­нар­ско пра­ша­ње во Гер­ма­ни­ја, бу­гар­ски­от пре­тсе­да­тел по­греш­но се изра­зил или де­ка по­гре­шил ко­га ре­кол де­ка до­вол­но ќе би­де Ма­ке­до­ни­ја да го пот­пи­ше до­ку­мен­тот, кој сво­е­вре­ме­но го пот­пи­шаа то­гаш­ни­те пре­ми­е­ри Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски и Иван Ко­стов. Про­ме­на­та е осо­бе­но чуд­на за тие наб­љу­ду­ва­чи што зна­ат де­ка на два­па­ти Плев­не­ли­ев и Ива­нов има­ле се­ри­оз­ни вер­бал­ни су­ди­ри на јав­ни фо­ру­ми од кои ед­ни­от се слу­чил на са­ми­тот на НАТО во Ли­са­бон, ко­га ма­ке­дон­ски­от пре­тсе­да­тел остро му за­бе­ле­жал на Плев­не­ли­ев за не­е­вроп­ско­то од­не­су­ва­ње на Со­фи­ја.

Тоа што е ло­гич­но и за ана­ли­ти­ча­ри­те во Со­фи­ја и во Скоп­је е де­ка Плев­не­ли­ев ја сфа­тил по­ра­ка­та од сво­и­те прет­ход­ни­ци Же­љу Же­лев, Пе­тар Сто­ја­нов и Ѓор­ги Пр­ва­нов, кои ја осу­ди­ја бу­гар­ска­та бло­ка­да кон Ма­ке­до­ни­ја на са­ми­тот на ЕУ во де­кем­ври 2012 го­ди­на. Дел од бу­гар­ски­те ана­ли­ти­ча­ри про­ме­на­та на ста­вот на Плев­не­ли­ев ја тол­ку­ва­ат и со не­го­ва­та спе­ци­фич­на си­ту­а­ци­ја отка­ко поч­на не­го­ва­та ко­ха­би­та­ци­ја со со­ци­ја­ли­стич­ка­та вла­да на Пла­мен Оре­шар­ски, кој до­се­га не ка­жа лош збор за Ма­ке­до­ни­ја, а на пос­лед­ни­от са­мит Бу­га­ри­ја не бе­ше отво­ре­но на стра­на­та на Гр­ци­ја во Бри­сел.

Analiza89-2-2

 

Со­фи­ја на по­тег, Ма­ке­до­ни­ја не смее да сит­ни­ча­ри

Со ог­лед на тоа што спор­ни­те пра­ша­ња од но­ви­те пре­го­во­ри за до­го­вор за при­ја­телс­тво, ка­ко де­фи­ни­ци­ја­та со ко­ја ќе се тре­ти­ра­ат мал­цинс­тва­та во две­те зем­ји и за­ед­нич­ко­то сла­ве­ње одре­де­ни праз­ни­ци ве­ќе не се пред­мет на спор, ба­рем спо­ред из­ја­ва­та на Плев­не­ли­ев, оста­ну­ва са­мо еден проб­лем, кој дел од ма­ке­дон­ска­та јав­ност го до­жи­ву­ва ка­ко спо­рен. Спо­ред дек­ла­ра­ци­ја­та пот­пи­ша­на во 1999 го­ди­на и но­ви­от до­го­вор би бил пот­пи­шан „на устав­ни­те ја­зи­ци на две­те зем­ји – ма­ке­дон­ски­от, во сог­лас­ност со Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, и бу­гар­ски­от, во сог­лас­ност со Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја, при што два­та тек­ста има­ат ед­на­ква важ­ност“. Ако се ба­ра влак­но во јај­це­то мо­же да се спо­ри да­ли мо­ра да пи­шу­ва де­ка ма­ке­дон­ски­от ја­зик е во сог­лас­ност со Уста­вот, што, во су­шти­на, не е ла­га, но се­пак ма­ке­дон­ски­те вла­сти тре­ба да ја гле­да­ат го­ле­ма­та сли­ка, ко­ја ве­ли де­ка про­це­сот на пре­тво­ра­ње­то на Бу­га­ри­ја од ла­тен­тен не­при­ја­тел во аку­тен при­ја­тел е при­о­ри­тет што не смее да би­де за­прен од ка­кви би­ло де­фи­ни­ции, кои, во се­кој слу­чај, не се штет­ни на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си ту­ку има­ат мор­фо­ло­шко–ро­ман­тич­на при­ро­да.

До­пол­ни­тел­на при­чи­на за ва­ков праг­ма­ти­чен од­нос кон пра­ша­ње­то за ја­зи­ци­те да­ва и пос­лед­но­то за­ед­нич­ко сла­ве­ње на све­ти­те Ки­рил и Ме­то­диј во Со­фи­ја, за што дој­де до ре­чи­си брат­ски кон­та­кти ме­ѓу бу­гар­ски­от па­три­јарх Не­о­фит и не­го­ви­от го­стин од не­приз­на­е­на­та МПЦ–ОА, пог­ла­ва­рот Сте­фан. Ни­ту еден ме­ди­у­ми или ин­те­ле­кту­а­лец во зем­ја­ва не­ма­ше не­га­тив­на ре­ак­ци­ја на за­ед­нич­ко­то чес­тву­ва­ње на двај­ца­та сло­вен­ски про­све­ти­те­ли. Се­ка­ко, ба­ра­ње­то за за­ед­нич­ко чес­тву­ва­ње на Го­це Дел­чев, Ја­не Сан­дан­ски или Илин­ден­ско­то (Пре­о­бра­жен­ско) во­ста­ние би мо­же­ло да пре­диз­ви­ка по­се­ри­оз­ни емо­ции, но и то­гаш мо­ра да се има пред­вид де­ка со чи­нот на за­ед­нич­ка прос­ла­ва Бу­га­ри­те ќе приз­на­ат де­ка Ма­ке­до­ни­ја има пра­во да ги сла­ви сво­и­те ре­во­лу­ци­о­не­ри и исто­ри­ски на­ста­ни.

 

(Пишува: Горан Момироски
Текст објавен во 89. број на неделникот „Република“, 16.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top