| четврток, 6 декември 2018 |

Србија сѐ уште стравува од нови поплави, водостојот над границите

Flooding in Bosnia

Водостојот на Дунав кај Нови Сад, Сланкамен и кај Банатска Паланка, како и на Тиса кај Тител и денеска е над границите – пренесува српски „Блиц“.  Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредил дека кај Земун и кај Панчево водостојот ќе биде во пораст и овие два дена ќе ја достигне границата за вонредна одбрана.

Кај Смедерево во текот на денот водостојот на Дунав ќе ги надмине границите за вонредна одбрана од поплави, наведува РХМЗ на својот сајт.

Водостојот на реката Сава кај Јамен, Сремска Митровица и кај Шабац се наоѓа над границата за вонредна одбрана од поплави со тенденција за мало опаѓање. Кај Белград водостојот ќе биде во пораст и во текот на утрешниот ден ќе ја достигне границата за вонредна одбрана од поплава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top