Поранешниот напаѓач на Манчестер сити и на Ливерпул, Крег Белами, објави дека ја завршува кариерата.
Триесет и четиригодишниот Велшанец последните две сезони ги помина во дресот на Кардиф, клубот од родниот град, а испаѓањето во втората лига беше сигнал да ја заврши 17-годишната кариера.
– Размислував за повлекување последните неколку години. Меѓутоа, дојде време да кажам доста, а за тоа придонесоа и честите повреди, само го послушав своето тело. Најмногу ми значеше тоа што со својот Кардиф играв во Премиерлигата – изјави Белами.
Белами ги бранеше боите и на Селтик, Њукасл, Вест Хем, Норич, Блекбурн и Ковентри, додека за репрезентацијата на Велс одигра 78 натпревари и постигна 19 гола.
По фудбалската кариера, Белами има намера наредните две години да ги посвети за влез во менаџерските води, а сон му е еден ден да стане селектор на Велс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


