Едно лице загина за време на синоќешните судири меѓу група демонстранти и турската полиција во Истанбул.
Како што јавија турските медиуми повикувајќи се на болнички извори, станува збор за 30-годишен маж, кој во болница им подлегнал на повредите здобиени за време на судирите.
Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлале со Молотови коктели и со камења кон полицијаците.
Судирите почнале кога група од 10 до 15 млади луѓе се собрале во населбата Окмејдани во центарот на Истанбул и почнале да извикуваат пароли за поддршка на еден млад човек повреден при претходните протести во градот, организирани поради минатонеделната несреќа во рудникот во Сома, при која загинаа 301 лице.
На интернет уште синоќа се појави снимка од протестите на која се гледа како полицијата со водени топови ги растерува демонстраните, како и еден полицаец кој пука во воздух.
Синоќешните протести се одржаа на годишнината од почетокот на демонстрациите против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, кои прераснаа во неколкунеделни антивладини протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени



