Утре и задутре од 07 до 17 часот ќе има привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улица Московска.
Привремениот режим е поставен поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација.
Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.