| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов на средба со претседателот на Италија

иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Рим ќе има билатерална средба со својот италијански колега Џорџо Наполитано.

Иванов  во Рим ја предводи македонската делегација по повод 46. издание на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

По средбата со Наполитано, шефот на македонската држава  ќе го посети Италијанското здружение за меѓународни односи, каде што ќе одржи предавање на тема „Од Виа Игнација до Виа Европа“.

Во рамки на активностите на македонската делегација во Рим, за денеска  е предвидено  потпишување  протокол за соработка меѓу правните факултети  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Ла Сапиенца“.

Во Ватиканските музеи синоќа, во присуство на претседателот Иванов,  беше отворена изложба „Словенски ракописи од Македонија  од XIII до XIX век“, со што почна  46. издание на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ и беше одбележан 20-годишниот јубилеј од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Ватикан.

Програмата на манифестацијата продолжува вечер со изведба на балетската претстава „14 часа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top