Џон Дод се вљубил во Србија уште кога првпат дошол таму, а тоа било во 2011 година.
– Во Белград залутав сосема случајно. Со друштвото баравме евтини летови и така во понудата најдовме лет за престолнината на Србија. Иако до нас доаѓаа гласови дека тоа не е меѓу пожелните дестинации за патување, но, сепак, одлучивме да одиме – раскажува Џон.
Како што вели, кога им рекол на пријателите дека ќе оди во Србија, тие се фатиле за глава и му рекле зошто оди во земја во која има војна. Но, тоа не го поколебало и набргу допатувал во Белград и се вљубил во градот на прв поглед. Оттогаш дошол уште петпати.
Џон по малку говори српски и редовно ги следи настаните во Србија, па преку социјалните мрежи дознал и за трагедијата која се случи со излевањето на реките.
– Едноставно не можев да седам со скрстени раце и го замолив шефот да ми даде слободни денови за да дојдам и да помогнам колку што можам. Навистина сум благодарен што тој се потруди да ми овозможи што повеќе време за пат – раскажал Џон и вели дека со себе ја зел целата неопходна опрема, јажиња, опрема за планинарење, чизми и сѐ на што се сетил во моментот.
– За среќа, најлошото полина. Сепак, слушам дека се бараат луѓе за помош до Шабац, па таму ќе се упатам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)


