Шпанските медиуми со фотографија од 1997 година потсетија на времето кога Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола и Луис Енрике, сега тренери на трите големци, Челси, Баерн и Барселона, беа заедно во ист тим – Барселона.
Мурињо, кој сега го предводи Челси, тогаш му беше помошник на Боби Робсон, а Пеп и Луис играа за Барселона. Фотографијата е од мечот на „Маракана“ кога Барселона ѝ гостуваше на Црвена звезда во меч од тогашниот Куп на победници на куповите.
Моментно Мурињо е менаџер на „сините“ од „Стемфорд бриџ“, Гвардиола од лани е на клупата на Баерн, а Енрике е тазе тренер на Барселона, заменувајќи го Херардо Тата Мартино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.