Златан Ибрахимовиќ не заборави од каде потекнува и со парични средства им помага на луѓето од Босна и Херцеговина. Популарниот Ибракадабра направи нова магија, уплаќајќи пари на сметката на хуманитарната организација „Наши деца“.
„Ти благодариме, Златан. Твојата поддршка многу им значи на сите луѓе погодени од поплавите“, се заблагодарија луѓето од хуманитарната организација.
Ибрахимовиќ е роден во Шведска и игра за „викинзите“, но потекнува од БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.