Легендарната италијанска актерка Софија Лорен одржа предавање во рамки на Филсмкиот фестивал во Кан, на кое присуствуваа голем број нејзини обожаватели.
– Кога ќе помислам на мојата актерска кариеа, не можам да верувам дека тоа е вистина – рече актерката.
Таа посочи дека имала прекрасно искуство од работата со познатиот италијански режисер Виторио де Сика, со кого, како што рече, се разбирала без зборови. Таа раскажа и за снимањето на филмот на Чарли Чаплин, „Грофицата од Хонг Конг“ од 1967 година.
– Нема да верувате, но Чарли Чаплин се плашеше да гледа во камерата, како што прават режисерите. Толку многу се навикнал на објективот на камерата од актерски апсект, па за него беше многу тешко да стои од другата страна на камерите – рече Лорен.
„Грофицата од Хонг Конг“ е единствениот филм на големиот Чаплин, во кој тој е само режисер и не игра никаква ролја.
– Кога беше завршен и последниот кадар, Чаплин дојде до мене и ми рече: Вие сте бесценета виолина, во рацете на паметен режисер звучите божествено – раскажа актерката.
Годинава во Кан беше емитуван првиот филм што го сними Софија Лорен по 2009 година – „Човечкиот глас“.
Актерката во филмот игра жена која љубениот ја оставил поради нејзината пријателка. Режисер на филмот е синот на Лорен, Едуардо Понти.
– За мене нема поголема чест од оваа, да играм во филм на мојот син – рече Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.