| четврток, 6 декември 2018 |

За да ја обнови инфраструктурата, на Србија ќе ѝ биде потребна половина деценија

srbija-poplave-opasnost-bajna-basta-1400272255-497983
Најмалку пет до шест години ќе ѝ бидат потребни на Србија за комплетна обнова на мостовите, патиштата и други инфраструктурни објекти.

Ова го тврди експертот за градежништво Горан Родиќ, кој е потпретседател на Градежничко-индустриската комора на Србија.

Во таа насока тој оценил дека најважните магистрални патишта од стратешко значење за Србија и регионот можат да бидат обновени до крајот на оваа година.

– Ако веднаш се почне со подготовка на потребните планови, сите стратешки магистрални правци можат да бидат обновени до крајот на оваа година, и тоа сега е најважна работа која не смее да чека, а нашите луѓе се способни и подготвени да го завршат тоа. Тука треба да се ангажираат најголемите домашни компании од областа на градежништвото, тие имаат и кадри, и опрема, и матерјал за да ги поправат патиштата – изјавил Родиќ.

Санацијата на мостовите и свлечиштата кои ја загрозуваат инфрастурната состојба е многу комплицирана. За сето тоа да се направи, потребни се големи напори и многу време, според тоа како што сега стојат работите, ќе мора да се работи најмалку пет до шест години за да се поправи сето тоа што поплавите го уништија.

– Свлечиштата се опасни во цела Србија и состојбата со нив не може да се реши за час бидејки прво треба да се лоцираат, па да се испитаат и да се даде предлог за санација. Тоа е макотрпен и малку долг процес – истакнал генералниот директор на ЦИП, Милутин Игнатовиќ.

Тој додава дека со топлото време во Србија свелчиштата би требало да се смират и сопрат и дури тогаш можат да се испитаат добро. И дека дури тогаш ЦИП ќе може да даде поединечни предлози за секое од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top