Драмската секција на гимназијата „Алгоритам“ секоја учебна година подготвува хуманитарна театарска претстава која премиерно ја изведува пред публиката.
Оваа година учениците ќе дадат едно ново модерно и современо гледање на „Ромео и Јулија“. Хамлетовско прашање да се биде или не, со правото на избор или ќе се продуховиш или ќе останеш заробен во светот на материјализацијата во која живее модерниот бизнисмен аџи Трајко, прототипот на моќта.
Приказната на Иљоски искршена на парчиња, повторно родена, овојпат во Македонија каква што ја познаваме денес, ставена пред современиот гледач на сцената, со намера, преку хумор да потсети што се случува со единката затворена во ќелиите на своите внатрешни ментални стеги во едно растурено (едно од многуте) современо македонско семејствo.

Ве покануваме во Салон 19:19 во 20 часот (вторник, 27.5.2014 г.) на претставата „RUN LENCHE RUN“ (пародија на „Бегалка“ од Васил Иљоски).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.