| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил во Белград пропадна во дупка, возачот полесно повреден

Автомобилот на белграѓанецот Бојан Тодоровски пропаднал во дупка која се отворила на една од градските улици и притоа возачот бил полесно повреден.

Дупката на улицата се отворила наеднаш, а автомобилот пропаднал во неа со левото тркало. Во инцидентот било оштетено ветробранското стакло, а возачот со полесни повреди бил пренесен во болница.

На помош веднаш притрчала соседка која му дала вода.

– Му течеше крв од носот и беше во шок од несреќата, немаше време да реагира, вели соседката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top