Тешка несреќа се случила утринава околу 7 часот кога 47 – годишниот З.П од село Тополчани ја орал својата нива и во еден момент се превртил со тракторот директно врз него. З.П им подлегнал на повредите на самото место.
Началникот на Итната медицинска помош Гоце Јонзоски информира дека загинатиот имал повреди на градниот кош и оти е констатирана смрт.
Телото е предадено на обдукција, а полицијата врши увид на местото на несреќата.
За неполн месец, ова е втор несреќен случај со трактор. Пред 12 дена на патот Ропотово-Пешталево во општина Долнени, загина 34-годишен жител на селото Секирци, откако се преврте трактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


