Дел од корисниците од селото Арачиново утре од 8.30 до 14 часот ќе останат без струја, а од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од објектите во кругот на паркот во населбата Ѓорче Петров.
Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „7“ во селото Волково и дел од селото Батинци.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ѓорче Петров“ и дел од селата Грчец и Студеничани. Од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“ и од улицата „Саса“ во населбата Пинтија.
Во периодот од 12 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбатата Кисела Јабука. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


