| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Донирани 2,3 милиони евра за жртвите од поплавите во регионот

hrvatska-zastava
Црвениот крст на Хрватска собра речиси 2,3 милиони евра хуманитарна помош за жртвите од поплавите во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
На сметката на хрватскиот Црвен крст до 20 мај се уплатени над 1,7 милиони евра. На телефонскиот број за донации се регистрирани 736.206 повици и донации во вредност од над 600.000 евра.
Донирањето помош се уште трае, а според Црвениот крст најпотребни се опрема и облека за деца и бебиња, детска храна, долна облека за деца и возрасни, хигинески материјали, прекривки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top