| четврток, 6 декември 2018 |

Снуп Дог повторно доаѓа на „Егзит“

arts_snoop-dogg_584

Снуп Дог ќе биде една од главните ѕвезди на претстојниот „Ефзит“ кој годинава ќе се одржи од 10-14 јули. Познатиот рапер по втор пат ќе излезе пред публиката на „Егзит“ каде ќе го промовира својот нов албум.

Раперот, кој во јавноста подеднакво е познат по својата музика, но и по својата наклонетост кон лесните дроги, во моментов е во центарот на вниманието поради промена на името. Сеуште не е познато дали во Нови Сад ќе настапи како Снуп Дог или Снуп Лајон, како што деновив преферира да го викаат.

Во 2007 година Снуп Дог заедно со бендот имаше еден од најзабележителните настапи на „Егзит“, каде рапуваше пред 50.000 луѓе, па затоа и годинава се очекува да има спектакуларен настап.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top