| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии од несреќата во која загина тетовскиот матурант

фото: Дневник

фото: Дневник

Деветнаесет годишен матурант почина а четири негови соученици се повредени во тешката сообраќајна несреќа која изутринава се случи на влезот во Тетово. Починатиот и повредените, се ученици во тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ“, а според првичните сознанија тие настрадале кога се враќале од матурска прослава.

Сообраќајната несреќа се случила изутринава околу 6 часот и 30 минути, на клучката Југ, на влезот во Тетово, во непосредна близина на наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар.

Како што соопштува СВР Тетово, патничко возило „Тојота“ со тетовски регистерски таблици, кое го управувал 19-годишниот Е.Ц. од Теарце, загубило контрола, излетало од коловоз и се превртело. Од излетувањето и превртувањето, возачот задобил тешки телесни повреди од кои набрзо починал, а со тешки повреди на карлицата завршила и 19-годишната сопатничка Б.И. од Порој, која по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, итно била пренесена на скопските клиники.

фото: Дневник

фото: Дневник

Другите тројца сопатници, А.Р. (19) од Пршовце, Л.К. (19) од Тетово и Ј.С. (19) од Теарце задобиле лесни повреди и по укажаната помош во тетовската клиничка болница, пуштени се на домашно лекување.

Според сознанија од полицијата тешко повредената Б.И. која е префрлена на скопските клиники била надвор од животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top