| четврток, 6 декември 2018 |

Сè помалку тинејџери користат „Фејсбук“

Финансискиот извештај на „Фејсбук“, освен заработката за минатата година, покажува и дека тинејџерите ја напуштаат оваа социјална мрежа, пишува „Бизнис инсајдер“.

Финансискиот директор Дејвид Еберсман, вели дека е тешко да се измери нивото на присутност на младите на „Фејсбук“, но додава дека лани е забележан значителен пад на дневните посети меѓу тинејџерите.

– Не знам колку е ова важно за „Фејсбук“, но решивме информацијата да ја споделиме со јавноста бидејќи во последно време добивавме многу прашања поврзани со младите – истакна Еберсман.

Тој додава и дека ситуацијата не е проблематична во САД, каде што речиси секој тинејџер има профил на најголемата социјална мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top