| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски чаеви на рускиот пазар

Руско-македонската фармацевтска компанија ,,ПРОДИС“ -членка на Протек груп (најголема фармацевтска компанија во Русија) започна со извоз на своите производи. Првите камиони со органски и неоргански чаеви Максан, органските и неоргански цереалии ДанкаД, мултивитамини и минерали  и органски мултивитамини Sunvit тргнаа за Русија.

-Извозник сме на производи чија што вредност изнесува 100.000 илјади евра,а до крајот на месец февруари предвидено е да извршиме извоз на производи во вредност од 150.000 илјади евра. Компанијата претставува значајна GREEN FIELD инвестиција за Република Македонија која работи согласно со највисоки стандарди за квалитетно производство: GMP стандарди, ISO согласности и HACCP стандарди. Со ова можеме да ја означиме и потврдиме успешноста на оваа инвестиција и воедно ова би бил додатен мотив за странските инвеститори да го инвестираат својот капитал во Р.Македонија – велат од Продис.

„Продис“ неодамна ја започна својата работа, како една од производствените фабрики во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Се работи за единствена компанија од ваков тип во Р.Македонија како и во Балканскиот регион, која креира високо-квалитетна палета на конвенционални и органски производи: чајеви,корн флекс и мусли,витамински препарати и хомеопатски лекови и козметика.

Оваа руско-македонска компанија донесе палета производи кои ги задоволуваат потребите на модерниот човек, а воедно се прилагодени на условите на современиот живот и лесно достапни за потрошувачите ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top