| четврток, 6 декември 2018 |

Пол­не­ти лиг­ни

polneti ligni

Лиг­ни, школ­ки, рак­чи­ња… Мор­ски­те пло­до­ви мо­же да ги при­го­тви­те во са­ла­та, не­кои ги са­ка­ат и во пи­ца, но пе­че­ни лиг­ни на жар, па уште и пол­не­ти, се ви­стин­ски де­ли­ка­тес и ужи­ва­ње за љу­би­те­ли­те на мор­ска­та храна.

Со­стој­ки:

15 сред­но­го­ле­ми лиг­ни

250 гра­ма рак­чи­ња

200 гра­ма исе­че­ни опа­шки од рак­чи­ња­та

80 гра­ма тро­шки од пре­пе­чен леб

Мал­ку во­да во ко­ја е ва­ре­на ри­ба

50 гра­ма мас­ли­но­во мас­ло

50 гра­ма кро­мид, 3 чеш­ни­ња лук

Маг­до­нос, 1 јај­це

За­чи­ни за ри­ба

Црн пи­пер, сол

За сос:

50 гра­ма мас­ли­но­во мас­ло

2 чеш­ни­ња лук

250 гра­ма до­ма­ти

2 дл бе­ло ви­но

Мал­ку во­да во ко­ја е ва­ре­на ри­ба

Исеч­кан маг­до­нос

Гран­че руз­ма­рин

Под­го­то­вка: Лиг­ни­те се чи­стат. Тро­шки­те се пре­ли­ва­ат со во­да во ко­ја е ва­ре­на ри­ба за до­бро да се на­то­пат. На мас­ли­но­во мас­ло се про­пр­жу­ва исеч­ка­ни­от кро­мид, па се до­да­ва­ат истол­че­ни­от лук, сит­но исеч­ка­ни­те опа­шки од рак­чи­ња­та и ис­чи­сте­ни­те рак­чи­ња. Ја­де­ње­то се про­пр­жу­ва, се до­да­ва­ат исеч­ка­ни­от маг­до­нос, јај­це­то и за­чи­ни­те, се­то тоа се ме­ша, се по­со­лу­ва и со таа сме­са се пол­нат лиг­ни­те. На крај лиг­ни­те се за­тво­ра­ат со чеп­кал­ки.

Ва­ка на­пол­не­ти, лиг­ни­те мал­ку се про­пр­жу­ва­ат на мас­ли­но­во мас­ло и по­тоа им се до­да­ва­ат исе­че­ни­те до­ма­ти, истол­че­ни­от лук, исеч­ка­ни­от маг­до­нос, ви­но­то и во­да­та од ва­ре­на ри­ба.

На крај ја­де­ње­то се оста­ва 30 ми­ну­ти на ти­вок оган да се дин­сту­ва.

Пол­не­ти­те лиг­ни се слу­жат со ка­ча­мак или со ва­ре­ни ком­пи­ри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top