| четврток, 6 декември 2018 |

Жените најмногу се дебелеат на 38, а мажите на 44 години

zena_se_smee_

Жените се дебелеат на 38 години, а а мажите на 44-годишна возраст, покажа едно британско истражување.

Истражувањето покажало дека жените меѓу 35 и 40 години треба да бидат многу внимателни како се хранат и што вежбаат. Иако интервалот од 5 години, кој научниците го посочуваат како најопасниот за фигурата, тие се категорични дека на 38 години дамите треба да бидат особено внимателни.

Кај мажите вишокот килограми по телото се собираат на малку во подоцнежна фаза, меѓу 40 и 45-годишна возраст, а најопасен за нивната тежина е, периодот во кој се на 44-годишна возраст.

Како главен фактор за дебелеење кај жените, научниците го посочуваат бракот, бидејќи 36 отсто од жените кои учествувале во истражувањето, признаваат дека тоа е причината за промена во фигурата. Вкупно 25 отсто од претставничките на понежниот пол се на мислење дека тоа што се со долгогодишен партнер ги прави да се опуштат и да заборават за добро одржуваната фигура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top