Познатата светска марка за депилација „Вит“ (Veet), направи интересна фотосесија со згодни Македонки. Ивона, Јасна и Ивана се имињата на трите девојки кои изминатиот викенд се фотографираа за новата кампања на водечкиот лидер за производи за депилација.
– Нашата замисла за оваа фотосесија беше да ангажираме девојки кои ќе претставуваат олицетворие на една модерна, софистицирана, енергична, самоуверена и секси девојка што знае што сака и не се плаши од предизвиците на животот. Производите на „Вит“ се она што ѝ е неопходно на една ваква девојка, затоа што брзиот и динамичен начин на живот налага користење на препарати за убавина што не одземаат многу време, а преку нив, на едноставен и лесен начин, сепак ќе се постигне посакуваниот ефект – изјави Елена Гагиќ од „Меркур трејд„ генерален дистрибутер на „Вит“ за Македонија.
За истакнување на сензуалноста и заводливоста на девојките на оваа фотосесија, освен производите на „Вит“, се погрижи и декоративната шминка на „Севентин“ (Seventeen), а за нивната облека беше заслужна реномираната модна дизајнерка Антонија Ристовска.
– Производите на „Вит“, треба да бидат застапени во колекцијата за лична нега кај секоја жена која постојано е во трка со времето, а се грижи за себе и сака за 5 минути да изгледа убаво и средено – изјави Ивона Попчевска, една од моделите на оваа фотосесија.
Светската марка на глобално ниво ги поддржува настаните за мода и убавина, а годинава за првпат го организираше настанот „Најубави нозе“, како и оваа фотосесија чии заштитни лица се обичните девојки, со која ќе се започне едукативната кампања наменета за млади девојки и жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања