По повод Денот на македонските и сесловенските просветители светите Кирил и Методиј и во организација на Македонскиот културен центар „Сонце“, на 24 мај во просториите на библотеката „Тими Митко“ во Корча со почеток во 12.00 часот ќе се одржи семакедонско чествување, посветено на македонското движење во Пиринска Македонија.
На семакедонското чествувањето, македонски активисти од Пиринска Македонија ќе говорат за македонското движење во Пиринска Македонија и за правата на Македонците во Бугарија, додека македонскиот амбасадор во Албанија, Стојан Карајанов, ќе одржи предавање за македонските и сесловенски просветители светите Кирил и Методиј, пренесува весник Македониум.
На семакедонското чествување ќе присуствуваат македонски активисти од Албанија, Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија




