Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Ватикан ќе има средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, јави известувачот на МИА.
По аудиенцијата кај папата, македонскиот претседател ќе има средба со државниот секретар на Светиот престол монсињор Пјетро Паролин.
Иванов ја предводи македонската државна и црковна делегација, што престојува во Рим и Светата столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“.
Во тек на престојот во Италија македонскиот претседател ќе има билатерална средба со својот италијански колега Џорџо Наполитано, а ќе одржи и предавања на Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол и Институтот на Франко Фратини.
Културната програма за чествувањето на свети Кирил опфаќа изложба „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX“ во организација на НУ „Св. Климент Охридски од Скопје“, како и изведба на балетската претстава „14 часа“ во театарот „Курино“.
Во составот на државната делегација, покрај претседателот Иванов се и министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска. Црковната делегација е предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, а во нејзиниот состав се и претставници на МПЦ-ОА и на Католичката црква во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме



