
Македонски спасувачи биле исфрлени од едно кафуле во Белград бидејќи биле валкани, пишува српскиот портал „Телеграф“. Оваа постапка ја осудија медиумите во таа земја, кои се згрозени од настанот.
Приказната ја раскажува гостинка на кафулето.
“Дојдоа во Белград за да одморат после неколку денови напорна работа во Обреновац. Сакаа да седнат на терсата на кафулето пред да се вратат во еден од хостелите кои привремено се адаптирани во прифатилиште. Не можев да верувам кога видов дека на тимот прекрасни и пожртвувани момчиња со кои разменив неколку навистина пријатни реченици сопствениците на кафулето не им дозволија да седнат“ – вели една гостинка на истото кафуле за Телеграф.
Гостинката изразила зачуденост бидејќи спасувачите биле во службените униформи и биле јасно дека се враќаат директно од најкризните места.
Таа додава дека по одлуката на сопствениците на кафулето, македонскиот спасувачки тим мирно го напуштил објектот
„Воопшто не навлегуваа во расправии. Откако безобразно беа избркани, отидоа во „Мекдоналдс“, а потоа на спиење, бидејќи утредента мораа пак во Обреновац“ вели читателката за Теелграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критична состојбата во касарната во Обреновац: Мигрантите ја нападнале полицијата
-
Во овој град одите на сопствена одговорност и никако не влегувајте без маска
-
Трудница се породи во пожарникарски дом во Обреновац: бебето доби име Љубомир по спасувачот
-
Град Скопје испрати дополнителна помош за настраданите во Србија


