| четврток, 6 декември 2018 |

Мирно, но напнато во Ѓорче Петров

gjorce gori 05 (Custom)

Мирно, но напнато е во скопската населба Ѓорче Петров по вечерашните протести на кој излегоа жителите на оваа општина револтирани по свирепото убиство кое се случи вчера вечер во кое животот го загуби 19-годишниот Ангел П. Тој со нож беше прободен од Н.Е. (18) кому истражните органи денеска му одредија мерка притвор во траење од 30 дена. Тој се товари за кривично дело убиство.

Ѓорчепетровци уште се на улиците, а полицијата се повлече. Во моментов има специјални единици на МВР, таканаречени „желки“. Противпожарни екипи ги угасија неколкуте контениери кои ги запалија лицата кои протестираа.

Претходно полицијата ги приведе учесниците во протестите кои се обидоа да го пробијат полицискиот коридон. Во обид да ги растераат демонстратите и да ја стабилизираат состојбата, полицајците употребија шок бомби и солзавец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top