| четврток, 6 декември 2018 |

По пауза од 20 години: Жарко Лаушевиќ дојде во Белград

Zarko-Lausevic

По повеќе од две децении, Жарко Лаушевиќ, актерот кој беше осуден за двојно убиство кое се случи во 1993 година, денес пристигна во Белград, пишуваат медиумите во Србија.

По посета на Црна Гора после 15 години минати во странство, Лаушевиќ реши да ја посети и Србија.

Трагедијата се случи на 31 јули 1993 година, кога Жарко и неговиот постар брат Бранимир ги нападна една група насилници. Жарко, бранејќи се себе и брата си, пукал во двајцата, а едниот беше тешко ранет. Беше осуден на 15 години затвор, а кога тогашниот Сојузен суд ја укина пресудата, Лаушевиќ повторно беше изведен на суд во февруари 1998 година и осуден на четири години затвор.

Бидејќи уште пред да му биде изречена пресудата, одлежа четири и пол години и беше пуштен на слобода. Потоа ја напушти земјата и се пресели во Њујорк. Работи како физички работник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top