Моментот кога вечерта меѓу петокот и саботата неговиот колега ја примил оваа порака, за пожарникарот Радован Стојичиќ бил најтежок од сите шест дена што ги поминал во Обреновац спасувајќи луѓе од поплавените куќи.
-Веќе бевме на граница на издржливост. Ноќ е, луѓе викаат. Бараат помош. Пукаат со пиштоли во воздух за да дојдеме по нив. И на Александар, кој инаку е од Обреновац, му стигнува порака. Само ја затвори вратата од камионот и тргна по ќерката. Сам. Не смеев никој да пратам со него. Два часа не знаевме што е со него. Успеал да најде чамец и да ја тргне од покривот. Подоцна со хеликоптер успеавме да ја евакуираме – раскажува за драмата припадникот на тимот за спасување, кој има 20-годишно искуство.
Тој и неговиот тим шест дена без престан спасувале луѓе од градот, а два дена дури немале ни храна, ниту вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.