Кошаркарскиот клуб Кожув се приклучува на хуманитарната акција за жртвите во Србија и БиЏ погодени од водената стихија.
Од клубот известуваат дека приходот од натпреварот против Работнички во рамките од полуфиналето на плејофот од македонското првенство. Натпреварот се игра денеска во салата „26 април“ во Гевгелија.
Кожув е во негатива од 1-0 во полуфиналето ии денеска е мечот „да се биде или не“. Пласман во големото финале се обезбедува со две победи. Се очекува полна сала и солиден приход кој веднаш ќе биде уплатен на сметката за помош на настраданите жители на Србија и БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.