Ахмет Доган е нарачател на атентат врз Бојко Борисов, тоа го изјави денеска од парламентарната говорница премиерот во оставка на Бугарија Бојко Борисов.
Атентатот се подготвувал пред претходните избори. Изјавата на Борисов беше дадена по провокација од пратеник од ДПС (Движење за права и слободи) за врските на Борисов со организиран криминал.
– Очигледно ги минавте сите граници и сакам да знаат луѓето дека во тој документ во разузнавањето се вели дека заради многу сериозни интереси на меѓународниот криминал, се подготвува атентат и нарачател е Ахмет Доган, изјави Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
Паника во Венецуела: Обид за атентат на Мадуро (ВИДЕО)
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Заев ќе оди кај Борисов и заедно ќе го одбележат Илинден во Благоевград