| четврток, 6 декември 2018 |

Почна изградбата на фабрика за биогас во Кичево

био

Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево вчера почна изградбата на фабрика за производство на биогас, инвестиција на кичевец на привремена работа во Швајцарија.

Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра.

На свечениот чин на поставување на камен-темелникот беше присутен и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.

– Поставувањето на камен-темелникот за оваа фабрика покажува дека се движиме во добра насока и дека развојот на општината ќе се движи со брзи чекори. Ваквите капацитети, покрај што придонесуваат за екологијата, се значајни и за развојот на економијата бидејќи во фабриката ќе се вработат многу луѓе, со што ќе се намали невработеноста во Кичево и пошироко – рече Дехари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top