Почна акцијата за процена на популацијата на кучињата-скитници на територијата на град Скопје, активност што Агенцијата за храна и за ветеринарство (АХВ) ја спроведува од денеска, во соработка со британското Кралско здружение за заштита на животните од суровост, јави МИА.
Кучињата-скитници ќе ги пребројуваат шест волонтери распоредени во три тимови во вкупно 24 реони на Скопје, рано наутро, од 5.30 до 9 часот. Акцијата ќе трае десетина дена.
Со пребројувањето ќе се врши и процена на телесната кондиција на кучињата, а ќе се евидентира и тоа дали имаат повреди на екстремитетите или на кожата. Ќе се соберат и податоци за полот, за тоа дали се работи за куче-скитник или за куче што има сопственик, но кое има пристап до улица и јавна површина, дали е фатено од надлежното прифатилиште и е соодветно видливо обележано што е потврда дека е стерилизирано и вакцинирано.
Последна процена на популацијата на кучиња-скитници на територијата на град Скопје, Агенцијата за храна ја изврши во 2010 година. Спроведено е и истражување на јавното мислење во однос на домашните миленици и кучињата скитници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



