| четврток, 6 декември 2018 |

Целосна евакуација на Обреновац – најлошото допрва доаѓа (ФОТО)

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ нареди итна и целосна евакуација на луѓето од Обреновац поради нов поплавен бран, што надоаѓа од правец на Забрежје.

State of emergency declared due to flooding in Serbia

Во соопштението на МВР на Србија се додава дека се очекува пораст на нивото на реката Сава.

State of emergency declared due to flooding in Serbia

Во Обреновац, град на 30 километри јужно од Белград загинаа најмалку 13 луѓе во поплавите. До моментот од градот се евакуирани повеќе од 7.000 луѓе.

State of emergency declared due to flooding in Serbia

Размерите на катастрофата што го зафати тој дел од регионот на Балканот се околу 22.900 квадратни километри, што е повеќе од државите Словенија (20.256 кв.км.), Израел (22.145 кв.км.) или Кувајт (17.817 кв.км.). По држави во БиХ се поплавени 11.200 кв.км., а во Србија се 9.100 кв. км. (колку и плоштината на Кипар), во Хрватска се поплавени повеќе од 600 кв. км.

State of emergency declared due to flooding in Serbia

Просечното количество врнежи во регионот во мај е околу 90 литри на кв. метар. Во изминатите денови само во Тузла наврнале над 300 литри на кв. метар што е апсолутен рекорд за изминатите 120 години откако се вршат мерења.

State of emergency declared due to flooding in Serbia

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top