Легендата во Формула 1, Џек Бребам, почина во Австралија на 88-годишна возраст. Бребам е една од култните личности во престижното натпреварување, а остана запаметен по трите шампионски круни што ги освои со болидот БТ-19, кој сам го конструираше.
Џек за последен пат победи во 1970 година во трката за Големата награда на Јужна Африка и потоа се повлече на 44-годишна возраст.
Позната е легендарната приказна за него од трката во Калифорнија во 1959 година, кога на петстотини метри пред целта му изгаси моторот. Бребам се снајде сам, го истурка возилото до целта, го освои четвртото место на таа трка, што беше доволно да се закити со шампионски трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.