Дванаесетте финалисти на музичкото шоу „Икс-фактор“ на 7 јуни ќе го одржат првиот заеднички концерт, и тоа во Скопје. Победникот Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Фифи и Урош од групата „Доктори“ денеска на средба со новинарите ги споделија деталите за престојниот концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Концертот е во организација на „Сител“ и „Мктикетс“, под надлежност на „МБК продукција“, која својот дел од средствата ќе го донира во хуманитарни цели за помош на настраданите од поплавите.
– Ви заблагодаруваме за целата поддршка што досега ни ја дадовте. Во овие тешки моменти Македонија најмногу помогна. Се извинувам од името на Маид и Армин кои сакаа да бидат тука, но веќе неколку дена се во кризните места и помагаат. „МБК продукција“ одлучи нашиот дел од средствата од овој концерт, да ги доделиме во хуманитарни цела, така што и на овој начин ќе помогнете – изјави Сандрина Андиќ, сопственик на „МБК“, која ја има лиценцата за „Икс-фактор“ на Балканот.
Цената на влезниците за концертот изнесува 350 денари за партер, 400 денари за трибини, 700 денари за таканаречената зона на најголеми фанови и 1.000 денари за ограничени ВИП билети.
На концертот финалистите ќе ги отпеат песните од своите најдобри настапи на финалните вечери, а дел од нив ќе ги претстават и нивните први песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)