Србија и Босна и Херцеговина во изминатите денови се зафатени од поплави кои веќе однесоа повеќе десетици жртви, волонтери од сите страни на светот се собрани за да помогнат во нормализираање на состојбата. Се собираат донации во храна, облека, производи за хигиена, парични средства.
Целиот Балкан се крена на нозе, Русија прати огромна помош, но Американците и ЕУФОР не покажаа некаква заинтересираност за состојбата која се случува на Балканот, бидејќи имаат други преокупации.
Мајкл Кирби, амбасадор на САД во Србија, и покрај елементарната непогода со која е зафатен Балканот, повеќе е загрижен за ЛГБТ заедницата.
– Оваа година голем број ЛГБТ организации ќе го одбележат Ајдахо денот во Србија со музички концерт под мотото „Со музика против хомофобија“, предавања и други видови јавни случувања. Ги охрабрувам сите да се вклучат и да им се придружат на членовите на српските ЛГБТ заедници. Подигнете го вашиот глас против омразата и дискриминацијата. Секој заслужува да живее без страв, ЛГБТ правата се човекови права – изјавил Кирби, објавија српските медиуми.
Ајдахо денот се одбележува на 17 мај, а токму на тој ден во Србија беше еден од најкритичните.
Од друга страна, пак, ЕУФОР, одбива да ѝ помогне на Босна и Хецеговина поради одредени стандарди и процедури.
Како и во Србија, така и на Босна и Хецеговина е потребна помош во справување со проблемите кои настанаа со поплавите на нејзината територија. Министерството за безбедност на БиХ се обрати до ЕУФОР за помош, но оттаму добија негативен одговор, поточно тие одбија да ги стават на располагање своите хеликоптери, а со тоа да помогнат во евакуација на настраданите.
– Силите на Европската унија нема да се вклучат во спасувањето на загрозените граѓани, бидејќи мора да се испочитуваат одредени стандарди и процедури – велат од ЕУФОР.
На земјите од Балканот, вклучувајќи ја и Русија, им остана да се грижат сами за себе бидејќи остатокот од светот се покажа како незаинтересиран да им помогне на земјите кои се угледуваат на нив во моментите кога им е тоа најпотребно.
Само за потсетување, Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ, досега обезбеди волонтери, специјалната единица „Тигри“, хеликоптери, пожарникари, повеќе од 120 илјади евра, храна, облекa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.